Забавник

Бабини совети или бабини деветини?

Posted on: Јуни 10, 2010

Не прави вака, не прави онака… Бабите се главен извор на совети и поговорки кои ни изгледаат полни со мудрост. Но дали тоа важи за сите?

“Не излегувај со водена коса, ќе настинеш”

ГРЕШНО. Речиси сите денес веруваат во овој совет. За да проверат дали има основа, научниците од Салисбари (Велика Британија) направиле експеримент со 12 доброволци кои требало да се избањаат, а потоа да се шетаат по чорапи и гаќички за капење по незагреани ходници. И покрај тоа што на сите забите почнале да им тракаат од студ, тие потоа не настинале повеќе од другите станари на зградата што останале на суво и добро облечени. Настинката се добива кога во телото се внесува вирус преку устата, носот или очите. А тоа што настинуваме почесто во текот на зимата не се должи на студеното време, туку на тоа што остануваме подолго време во затворени и затоплени простории каде вирусот многу полесно се пренесува.

“Не мрдај за да не те касне пчелата”

ТОЧНО. Истото важи и за осите. Затворете ги устата и очите и останете мирни, пчелите и осите напаѓаат само кога им е страв. Посебно ако се наоѓате до пчеларник, избегнете секакво мавкање со раце или скокање. Пчелите се програмирани да ја штитат матицата (т.е. нивната кралица) и вашата паника ја сфаќаат како агресија и ве напаѓаат и касаат (или поточно бодат) за да се ослободат од вас.

“Гром не удира двапати на исто место”

ГРЕШНО. Всушност громовите имаат свои омилени места, особено на високи локации. На пример, на Ајфеловата кула и на облакодерот Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк удира гром од 25 до 30 пати годишно.

“Ако врне на Благовец, ќе нема пчели цела зима.”

ТОЧНО. Па и да не врне на Благовец, мали се шансите да видиш пчела насред зима. Вистинската поговорка е “Ако врне на Благовец, цела година ќе тече мед”, но научниците сè уште го немаат проверено тоа.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: