Забавник

Хај-тек измамници на матурскиот испит во Кина

Posted on: Јуни 10, 2010

Некои кинески средношколци се обидуваат незаконски и  без напор да го положат матурскиот испит.

Специјална единица на кинеската полиција ги следи радио врските во близина на еден испитен центар во Кина.

Кинески јазик, математика и англиски јазик се трите задолжителни предмети на јунскиот матурски испит во Кина, кој истовремено служи како приемен испит за запишување на некој од кинеските универзитети.

Испитот се смета како многу тежок и селективен – само 60% од кандидатите добиваат диплома, а само најдобро оценетите на испитот имаат право да се запишат на некој од угледните универзитети. Тоа е причината што одреден број кинески средношколци се согласуваат да платат голема сума за полесно да стигнат до скапоцената влезница. Шест лица кои нуделе такви нечесни услуги биле уапсени непосредно пред почетокот на испитот.

Најчесто “потпомагачите” се опремени со радио предаватели со кои на испитаниците им се даваат точните одговори преку мали слушалки, за што, според кинеската полиција, тие бараат помеѓу 20.000 и 30.000 јуани (2.500 – 4.000 евра). Последниве години кај испитаниците исто така се пронајдени современи минијатурни апарати во вид на очила со слушалки, часовници за примање пораки, како и гуми и лењири со мини екрани за поврзување на интернет.


Оваа година кинеските власти презедоа драстични мерки за искоренување на оваа појава и за зачувување на угледот на кинеските дипломи. Некои испитни центри беа опремени со детектори за метал и системи за спречување на радио врските, а во провинцијата Џилин (во североисточна Кина) каде минатата година беа откриени најмногу такви случаи беа ангажирани  3.000 полицајци за надледување на идните дипломци.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: