Забавник

Тест

Posted on: Јуни 8, 2010

Дали имаш претерано недоверба во другите?

(избери само еден одговор за секое прашање)

1. Среќаваш некој непознат во пуста улица…

а) Те фаќа паника и не знаеш што да правиш.

б) Незабележително преминуваш од другата страна.

в) Си продолжуваш и го поздравуваш љубезно поминувачот.

2. Можеш ли да оставиш другар(ка) сам(а) во твојата соба…

а) Како да не, па да ти буричка по работите.

б) Зависи кој(а) другар(ка).

в) Да, без проблем.

3. Никако да најдеш нешто што бараш подолго време…

а) Сигурно некој ти го зел/преместил.

б) Чудно ти е.

в) Признаваш дека си изгубен случај.

4. Според тебе вратите постојат за да бидат…

а) Секогаш затворени.

б) Подотворени.

в) Ширум отворени.

5. Дали луѓето навистина стапнаа на Месечината…

а) Не знаеш, па не беше таму за да видиш.

б) Некои велат дека не е вистина.

в) Не ти се верува дека постојат такви што се сомневаат во тоа.

6. Кога ти враќаат кусур…

а) Секогаш пребројуваш.

б) Проверуваш одвреме-навреме.

в) Имаш доверба и никогаш не пребројуваш.

7. Во тв-серијата “Од судските хроники” најмногу би сакал(а) да го глумиш…

а) Државниот обвинител.

б) Полицискиот инспектор.

в) Адвокатот од одбраната.

8. Што мислиш за интернет…

а) Сè најлошо, има многу вируси.

б) Корисен е ако се внимава.

в) Тоа е прозорец кон светот.

Резултат:

Одговорите под а) носат 2 бода, под б) 1 бод и под в) о бода.

  • Доколку имаш помеѓу 12 и 16 бода, премногу си недоверлив(а). Според тебе, другите сигурно ти мислат лошо. Отпушти се малку.
  • Доколку имаш помеѓу 5 и 11 бода, не си недоверлив(а), но знаеш да внимаваш кога тоа е потребно.
  • Доколку имаш помеѓу 0 и 4 бода, внимавај, некои луѓе можат да ја искористат твојата бескрајна благонаклоност.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: