Забавник

Една и пол година доброволно заточеништво

Posted on: Јуни 3, 2010

Шест мажи прифатија да бидат затворени заедно една и пол година. Не се работи за реално шоу од типот на Биг Брадер туку  за програма на симулирање повратно патување до Марс.


Три Руси – вклучувајќи го и капетанот и двајца лекари – еден Французин, еден Италијанец и еден Кинез ќе бидат заклучени во верна репродукција на вселенско летало без прозорци во Институтот за медицински и биолошки проблеми во Москва.

”Кога повеќе лица се во постојан контакт на одреден простор, тие брзо ги забележуваат туѓите навики и тоа често ги иритира” објаснува еден од психотерапевтите на програмата.

Членовите на екипажот ќе имаат право на едно туширање на секои десет дена, ќе ја јадат истата храна како и космонаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS) и ќе комуницираат само преку интернет со програмирани прекини за да се симулираат вистинските услови на патувањето на Марс. Но сето тоа не му претставува проблем на францускиот инженер Ромен Шарл, кој учествува во експериментот:

“Ова не е затвор, туку програма, едно неверојатно искуство. Знам дека ќе биде тешко, но цел ни е да останеме 520 дена и ќе успееме во тоа.

Еден таков сличен експеримент пропадна во 2000 година. Една Канаѓанката, член на екипажот, го обвини капетанот дека ја бакнал насила, а двајца други членови се повредија во меѓусебна тепачка.

Можеш да ја следиш мисијата на интернет страницата: http://mars500main.appspot.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: