Забавник

Совети за младите екологичари (1)

Posted on: Јуни 2, 2010

Иднината на земјата – твојата иднина – е во твои раце

Природата е мајка на сите луѓе, но голем дел од нив се однесуваат кон неа со презир. Човештвото веќе уништи или оштети третина од природните ресурси на планетата Земја: фауната (животните), шумите, реките, езерата и морињата. Но најопасната последица од ова наше (зло)дело сигурно се климатските промени, односно глобалното затоплување. Некои научници тврдат дека ако ништо не се преземе во наредниве десет години, потоа ќе биде прекасно. Затоа, направи сè што можеш за да ја спасиш планетата: прочитај ги советите на твојот Забавник и објасни им на твоите родители и блиски што треба да сменат во нивните навики за да ја сочуваат околината.

Провери како кај тебе дома се користат изворите на енергија. Набљудувај како живеат членовите на твоето семејство. Откриј начини како да се променат и подобрат некои навики.

  • Дома имаме ________ светилки од кои _________ се економични. Тие изгледаат поскапи при купувањето, но всушност се поисплатливи зашто работниот век (траењето) им е осум пати подолг и трошат пет пати помалку струја од обичните светилки.
  • Вкупно ________ апарати не беа потполно исклучени – малото црвено светло беше запалено или можеа да се приклучат со помош на далечинската контрола. Доколку не се исклучениод куќната мрежа, телевизорите, компјутерите, полначите на мобилни телефони и видео плеерите трошат многу енергија дури и кога не ги користиме (до 85% од енергијата што ја трошат кога навистина работат за нас).
  • Греењето беше приклучено додека беа отворени _________ прозорци. Важно е секој ден да се проветрат просториите каде живееме, но 15 до 30 минути пред тоа треба да се запре греењето.
  • Машината за перење беше приклучена иако не беше полна.
  • Дома имаме ______ чешми што капат.

Покажи им ги овие белешки на твоите родители, така ќе им помогнеш да ги подобрат своите навики и да заштедат пари. Објасни им дека најеколошка е онаа енергија што нема залудно да ја потрошиме.


Напишете коментар

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 7 other subscribers

Архиви

Категории

Top Rated

Articles les plus consultés