Забавник

Секој може да биде суперхерој

Posted on: Јуни 2, 2010

Сигурно имаш слушнато за програмата Фотошоп со која може да се направат неверојатни слики, на пример некој од твоите познати како скока по Месечината во скафандерот на Нил Армстронг. Можеби и ти ја користиш таа или некоја слична програма. Но ако не е така, немој да се разочаруваш, постојат и други начини да се сликаат неверојатни слики и тоа без “лажирање”.

Потребен ти е само фотоапарат, по можност дигитален за да можеш да ги избришеш неуспешните слики, и некој што ќе ти помогне во потфатот. Замоли го да скокне и сликај го кога е највисоко – кога завршил со одскокот, но сè уште не паѓа. Така што се добива впечаток дека лебди во воздухот. Доколку твојот фотоапарат располага со опции, пронајди ја онаа за рафално сликање, а потоа избери ја најуспешната фотографија.

Заборавивме да ве предупредиме дека е важно да се внимава при паѓањето. Можеби е предоцна?

А сега нешто уште полесно и поспектакуларно. Иако не си фалбаџија(вка), сигурно ќе ти се допадне да им ги покажеш на твоите другар(к)и твоите последни слики од освојувањето на Килиманџаро. Нешто во стилот на “Ох не, извинете, се збунив, тоа се прекланските слики, оваа година бев на Монт Еверест”.

Со твојот соучесник најдете една убава карпа на блискиот рид. Потоа замоли го да те слика додека лежиш на неа и се преправаш дека се качуваш или се обидуваш да не паднеш. Доволно е потоа да ја свртиш фотографијата за 90° и да им кажеш на сите дека се работи за јужната, најтешка патека по која ниеден алпинист претходно не поминал. Избери ден без облаци или со сосема облачно небо, обликот на облаците може да те издаде…

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: