Забавник

Инсекти во твојата чинија

Posted on: Јуни 2, 2010

Скакулци печени на скара или во лут сос, пире од џиновски водени тавтабитки, пржени ларви, чоколаден десерт со скорпии… Овие специјалитети веројатно не ти го отвораат апетитот, но можеби ќе треба брзо да се навикеш на нив. Поголем број експерти од Организацијата на Обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО) мислат дека инсектите ќе го заменат месото и рибите ако сакаме да има доволно храна за сите во наредниве децении.

Ентомофагијата, како што научниците го нарекуваат јадењето инсекти, има многу предности. Тие содржат сè што им е потребно на луѓето: протеини, липиди, минерали (цинк, железо), витамини, понекогаш повеќе и од месото или рибата. А полесно се одгледуваат од обичниот добиток. Потребни се 10 килограми растителна храна за да произведе 1 кг говедско месо, а помалку од два килограми за инсектите. Ним исто така им е потребно помалку вода. 70% од обработливото земјиште и 9% од слатките води сега се користат за сточарството, кое исто така е одговорно за 18% од испуштените стакленички гасови (гасови што го предизвикуваат глобалното затоплување). Што се однесува до дивите риби, тие често се ловат прекумерно, а главна храна за рибите од рибниците се… уловени риби. Ако претпоставиме дека во 2050 година ќе има 9 милијарди луѓе на Земјата, мора да се прашаме со што тие ќе се хранат?

“Ни требаат алтернативни извори на протеини, а инсекти се еден таков извор”, вели Пол Вантом, од Одделот за шуми на ФАО. Достапни се во големи количини во дивината, но исто лесно се одгледуваат бидејќи брзо се оплодуваар во затворени простории. Најпродуктивните видови на тој начин би можеле да станат еден вид на “мини-добиток”.

Останува да се најде начин како да се отстрани чувството на гадење. “Постои порака во колективната потсвест”, вели ентомологот Ромен Гаруст од францускиот национален музеј на природна историја. “Инсектите и пајаците се сметаат како нечисти, пренесувачи на зараза и уништувачи на посеви.” А многу од нив ни се корисни при опрашувањето или оплодувањете на почвата и се многу важни за нашиот екосистем (зависност меѓу луѓето, животните и растенијата и природата на одреден простор).

Покрај тоа, многу народи на јадењето инсекти гледаат без гадење. Во Африка, Азија и Средна и Јужна Америка се јадат околу 1400 видови мравки, гасеници, штурци, свилени буби, тавтабитки, скакулци, пајаци, скорпии итн… Внимавајте, како и кај печурките многу видови не се добри за јадење! Кина, Јапонија, Тајланд, Јужна Африка и Мексико се меѓу најголемите потрошувачи. Кога има голем напад на скакулци во Африка, овие омилени јадења не смеат да се јадат заради тоа што се користат огромни количини на инсектициди, малку непотребно зашто е предоцна да се спречи уништувањето на посевите.

Инсектите исто така можат да се користат како “мини-добиток” за да се нахрани големиот добиток, на пример за хранење на свињи или пак на риби од рибниците.
Експертите велат дека се е прашање на психологија, само треба да се обидете. Зошто да се откажеме од инсекти кога јадеме мед, полжави, жаби и школки? Нивниот вкус често се споредува со вкусот на морската храна или на лешниците. Во антиката, Римјаните ги обожавале гасениците. Освен тоа, ние секоја година без да знаеме веќе јадиме околу 500 грама инсекти, пред сè преку лебот и овошните сокови…

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Внеси електронска адреса за бесплатно да го примаш месечникот.

Join 6 other followers

Архиви

Категории

Top Rated

Advertisements
%d bloggers like this: